недела, 7 декември 2025

Водечкиот украински одбранбен произведувач го именуваше Мајк Помпео во нов советодавен одбор

Водечкиот украински производител на беспилотни летала и ракети денес објави дека поранешниот државен секретар на Соединетите Американски Држави Мајк Помпео е назначен за член на новоформираниот советодавен одбор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е потег насочен кон зајакнување на надзорот додека фирмата е под истрага од страна на украинските антикорупциски власти, објави Ројтерс.

Компанијата Фајер поинт, чиј дрон ФП-1 е клучен за Украина во нејзините напади со долг дострел врз Русија, соопшти дека „ја усогласува својата рамка за управување со водечките меѓународни стандарди“ со назначувањето на Помпео, кој беше шеф на американската дипломатија од 2018 до 2021 година во првата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фирмата, која исто така ја разви крстосувачката ракета „фламинго“, за која Украина планира да го зголеми производството додека продолжува да ја развива својата индустрија на оружје, моментално е под истрага од страна на украинските антикорупциски агенции за надуени цени, објави локалниот весник Киев индепендент.

„Стратегиските увиди и длабокото разбирање на државниот секретар Помпео за глобалните прашања ќе бидат непроценливи додека продолжуваме да растеме и да ги зајакнуваме нашите практики за управување“, се наведува во соопштението на компанијата, без да се спомене истрагата.

Фајр поинт планира да изгради фабрика за ракетно гориво во Данска во наредните месеци, според данскиот министер за одбрана.

Борбата против корупцијата и подобрувањето на управувањето се клучни за Киев додека се бори за поголема финансиска и воена поддршка од Западот за борбата против руските сили и за кандидатурата на Украина да стане членка на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ