среда, 11 јуни 2025

Водечкиот светски произведувач на чипови губи милијарди поради ограничувањето на извозот на Трамп

Извршниот директор на американската компанија Енвидија Џенсен Хуанг објави дека американските ограничувања на извозот на полупроводници ја чинеле неговата компанија околу 15 милијарди долари поради нереализирана продажба, како дополнување на 5,5 милијарди долари од претходно објавеното отпишување на залихи. Хуанг предупреди дека извозното ограничување нема да ја спречи Кина во развојот на вештачката интелигенција (АИ), туку ќе ја доведе до создавање сопствен екосистем на вештачка интелигенција кој на крајот ќе им конкурира на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската влада, и под актуелниот претседател Доналд Трамп и под неговиот претходник Џо Бајден, го ограничува извозот на некои полупроводнички чипови и опрема во Кина, повикувајќи се на наводно загрозување на националната безбедност.

Енвидија на тие ограничувања одговори со понуда на ослабена верзија на своите врвни чипови Х20 за кинескиот пазар, но таа верзија сега е опфатена со новото извозно ограничување, воведено кон средината на април. Во април водечкиот светски произведувач на чипови соопшти дека очекува отпишувања вредни до 5,5 милијарди долари поврзани со неговите Х20 производи.

„Секој кој мислеше дека еден шаховски потег со кој на Кина би ѝ се забранило користењето на Х20 системите некако ќе ја оневозможи нивната способност за користење АИ, длабоко е неупатен“, кажа Хуанг и додаде дека Енвидија не може да ги намали перформансите на своите чипови под актуелната верзија Х20.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ