недела, 6 април 2025

Во Турција уапсени 11 лица поради повикување на бојкот на продавниците

Турската полиција во понеделникот уапси 11 лица поради повикување на еднодневен бојкот на продавниците како дел од протестот против апсењето на главниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, објавија државните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главното јавно обвинителство во Истанбул издаде налози за апсење на 16 осомничени во истрагата за „омраза и дискриминација“ и „поттикнување омраза и непријателство“ во јавноста, јавува Анадолу.

Меѓу приведените е и актерот Џем Јигит Узумоглу, кој го играше султанот Мехмед Освојувачот во документарната серија на Нетфликс, Подемот на империите: Отоманската, објави Синдикатот на глумците.

Осомничените се приведени поради објави на социјалните мрежи во кои се повикуваат луѓето вчера да не трошат пари и продавниците и фирмите да бидат затворени во знак на солидарност.

Народот на Турција протестира поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е обвинет за корупција. Оние што го поддржуваат тврдат дека апсењето е пресметка со него како главен противник на Ердоган на претседателските избори во 2028 година.

Владата инсистира дека судството е независно и дека нема политичко мешање.

Независната новинска агенција АНКА објави дека околу 2.000 луѓе се приведени од апсењето на Имамоглу на 19 март, а 316 се задржани во затвор во очекување на судењето. Повеќето се соочуваат со обвиненија за учество во протестите.

Адвокатите на приведените демонстранти вчера изјавија дека многумина биле малтретирани во затвор. Владата не одговори на наводите, но полицијата денеска издаде соопштение во кое ги негира тврдењата дека жените биле сексуално злоставувани во притвор, нарекувајќи го „подла клевета“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ