„Во моментов ме водат на испрашување“, напишал Јоаким Медин во порака.

Дагенс ЕТЦ го контактирале шведското министерство за надворешни работи, изјави Густавсон.
Двајца турски новинари кои известувале од антивладините протести во Истанбул се задржани рано утринава, објави синдикатот на турски новинари.
Новинарите се притворени еден ден откако турски суд ослободи седум други новинари, вклучувајќи го фотографот на Франс прес Јасин Акгул, кои претходно беа притворени поради „присуствување на незаконски марш“ додека известувале за минатонеделните масовни протести.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган протестите ги отфрли и ги нарече претстава и предупреди на законските последици за демонстрантите.
Протестите поради притворањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, а особено на универзитетските студенти во Истанбул и Анкара продолжија синоќа, а полицијата притвори голем број од нив, јавуваат Хабертурк и други турски медиуми.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерлиакја кажа вчера дека 1.879 лица се притворени од почетокот на протестите пред повеќе од една недела, додавајќи дека судовите одредиле истражен затвор за 260 од нив додека чекаат судење.
Главната опозициска партија денес повика на масовен собир во истанбулскиот округ Малтепе.