Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредна состојба потврди за РТС дека најголем проблем е прекинот во снабдувањето со електрична енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без снабдување со електрична енергија. Најтешко е во Златиборската, Колубараската, Моравичката и Мачванската област“, кажа Спасојевиќ.
Цела Србија осамна со температури под нулата. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека од градовите најниски температури беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац измерени се -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана снежна бура, било -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, во текот на денот температурата на некои места премина во плус.
Поради опасните временски појави, под портокалов метеоаларм денес се Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, Југозападна Србија и Косово.






