На таканаречениот дарк веб се појавиле здравствени податоци на претежно гинеколошки пациенти: име и презиме, адреса, телефонски број, дијагнози, тестови, терапија, брачна состојба и други, пишува порталот на телевизијата Н1. Меѓу нив се и имињата на лекарите од неколку гинеколошки клиники во Белград и други здравствени установи.
Министерството за здравство и Обвинителството сè уште не одговориле на барањето за коментар, објавува Н1. Новиот случај на хакирање дојде откако српскиот државен телекомуникациски оператор Телеком беше хакиран во март.
Тогаш беа компромитирани податоците на 338.934 корисници. Само неколку дена потоа, цел на нападот беше и државната Агенција за економски регистри.






