Посмртните останки на убиените ги пронашле катарските тимови и членовите на американското Федерално истражно биро (ФБИ), кое го побарало пребарувањето. Во соопштението од Катар не се прецизира кого барала американската агенција.
Се додава дека во моментов се вршат ДНК-тестови за да се утврдат идентитетите на пронајдените во северна Сирија во близина на границата со Турција.
Екстремистите на Исламска држава, кои контролираа големи делови од Сирија и Ирак повеќе од пет години и прогласија калифат на тие територии, убија десетици странци, вклучувајќи хуманитарни работници и новинари.
Исламска држава изгуби поголем дел од окупираната територија кон крајот на 2017 година, а две години подоцна беше прогласена за поразена.
Оттогаш во северна Сирија се откриени десетици масовни гробници, во кои има тела и останки на луѓе киднапирани од Исламска држава.
Припадниците на ИСИС објавија видеа во 2014 и 2015 година на кои се гледа обезглавувањето на заробените луѓе, меѓу кои и американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф.
Масовни гробници се пронајдени и во областите што претходно ги контролираше поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, кој беше соборен од власт во бунтот во декември минатата година, со што заврши 50-годишното владеење на неговото семејство. Семејството Асад ги користеше озлогласените безбедносни и разузнавачки служби за борба против дисидентите, од кои многумина исчезнаа.
Обединетите нации (ОН) во 2021 година објавија проценка во која се наведува дека повеќе од 130.000 Сиријци биле киднапирани или исчезнати од почетокот на бунтот на Арапската пролет во 2011 година, кој ескалираше во граѓанска војна.