сабота, 6 декември 2025

Во Северна Кореја е воведен рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет од четврто одделение во основното образование.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот министер за заштита на животната средина и еден од претседавачите на меѓувладината комисија на Русија и Северна Кореја, Александер Козлов, изјави дека рускиот е еден од трите најпопуларни странски јазици во Северна Кореја.

Тој додаде дека во Русија 3.000 ученици и 300 студенти го учат корејскиот јазик.

Козлов исто така изјави дека минатата година 96 граѓани на Северна Кореја биле примени на руски универзитети, како и дека Русија во Северна Кореја гради центар што ќе служи за учење на рускиот јазик.

Традиционално силните руски врски со Северна Кореја дополнително се зајакнаа по инвазијата врз Украина во 2022 година.

Северна Кореја ја снабдува Русија со оружје и испраќа војници да се борат на фронтот и да ја деминираат областа Курск, руска територија што Украина накратко ја окупираше, пишува Политико.

Исто така, било забележано дека две од најпродуктивните сајберкриминални групи поврзани со држави — руската „Гамаредон“ и севернокорејската „Лазару“ — разменуваат ресурси.

Во август 2025 година руските туристи масовно се упатиле кон севернокорејските летувалишта откако руските авиокомпании воспоставиле директни летови за Пјонгјанг, додава порталот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ