сабота, 12 јули 2025

Во сабота голем протест во Белград, Вучиќ: Се надевам дека нема да мора да покажеме сила

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се надева дека државата нема да мора да покажува сила поради, како што рече, „нечие насилство“ за време на најавениот голем студентски протест во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ го коментираше апсењето на неколку лица осомничени за планирање насилство на собирот организиран од студентите собрани во движењето „Блокади“. Тој кажа дека „важно е државните власти да сторат сè што е потребно за да спречат посериозни форми на насилство“.

„Сè се сведува на насилство: дали ќе ги нападнат парковите за да ги тепаат вистинските студенти (како што Вучиќ ги контрадемонстрантите кои ја поддржуваат владата), ќе ги окупираат државните институции, ќе го урнат ЕКСПО. Се надевам дека нема да мора да интервенираме и да покажеме државна моќ поради нечие насилство“, изјави Вучиќ пред новинарите по учеството на меѓународниот форум „Слобода и суверенитет на народот во 21 век“.

Претседателот на Србија се осврна и на синоќешните специјални емисии на неколку провладини телевизиски станици, во кои беа прикажани наводни снимки од разговори за упади во медиумите и институциите. „Сега на луѓето им е јасно дека насилството е нивната крајна цел, а не правдата или барањата од 1 ноември“, кажа Вучиќ.

Тој ги отфрли тврдењата дека полицијата му подметнала пиштол со избришан сериски број на Иван Матовиќ, потпретседател на партијата Ново лице на Србија. „Толку е мизерно и тажно. Тие дури и не сонувале дека ќе го најдат. Дојдоа да го уапсат поради сè друго што е снимено“, рече Вучиќ, додавајќи дека таквото оружје се користи „само за ликвидации“.

Тој кажа дека „нема причина за грижа“ освен ако некој не планира насилство: „Да бев на нивно место, ќе бев сериозно загрижен“.

Како што објави министерството за внатрешни работи на Србија, шест лица се уапсени на неколку локации под сомнение за подготовка на кривично дело насочено против уставниот поредок и безбедноста на Србија. Меѓу уапсените се поранешниот претседател на Воениот синдикат на Србија, Новица Антиќ како и Иван Матовиќ.

Нивниот адвокат Иван Ниниќ изјави дека ова кривично дело се користи сè повеќе за политички пресметки без вистински докази. „Овие апсења пред протестот одат како на лента“, искоментира тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ