недела, 22 март 2026

Во Приштина пропадна и 40-от обид за конституирање парламент

Во Приштина, денес, како и во претходните 39, не успеа и 40-тиот обид за конституирање на собранието на Косово. Опозициските партии, како и Српска листа, денес одбија да предложат кандидати за комисијата за тајно гласање, а само 51 од потребните 62 пратеници гласаа „за“ комисијата, па затоа седницата беше прекината, а следната, 41-ва, е закажана за два дена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За два и пол месеци, во текот на 40 седници, пратениците досега успеаја само да ги верификуваат своите мандати.

По денешната неуспешна седница, нема индикации дека ситуацијата во собранието ќе се промени со одлуката на тамошниот уставен суд, според која на парламентот му остануваат помалку од 30 дена за конституирање, а изборот на новото раководство на собранието не е поместен од мртва точка дури ни по разговорите меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претставниците на опозицијата за време на викендот.

За време на овие средби, како што објавија приштинските медиуми, ставовите не се приближија ниту за милиметар.

Засега, движењето Самоопределување останува на ставот дека изборот на раководството на собранието треба да се одржи со тајно гласање, додека опозицијата веќе два месеци укажува дека изборните процедури не можат да се променат за време на седницата што започна, и дека уставниот суд веќе одлучи дека таков начин на гласање не е во согласност со уставот на нивната земја.

Самоопределување не отстапува ни од предлогот за избор на блиската соработничка на Курти, Аљбулена Хаџиу, за претседателка на добранието, на што опозицијата исто така остро се спротивставува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ