Бродот „Чудесно море“ со 46 патници и три члена на екипажот се преврте вчера поради ненадеен силен дожд при посета на местото на светското наследство на УНЕСКО, се наведува во извештајот на локалната полиција.
Во извештајот се наведува дека се пронајдени 35 тела и дека 10 лица се спасени, додека четири лица сè уште се водат како исчезнати, пренесува Ројтерс.
Бродот превезувал семејства со деца од главниот град Ханој, денеска беа одржани и првите погреби на жртвите.
Владата соопшти дека ќе спроведе истрага и ќе ја разјасни причината за инцидентот.
Заливот Ха Лонг, кој го посетуваат милиони луѓе секоја година, е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по сино-зелената вода и варовничките острови со тропски шуми.






