вторник, 16 декември 2025

Во пожар во дом во БиХ загинаа 17 пензионери, уапсен директорот

Поранешниот директор на дом за стари лица во Тузла, каде што 17 штитеници починаа како резултат на пожар на почетокот на ноември, беше уапсен денес под сомнение дека е одговорен за таа трагедија поради лошо управување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството на Тузланскиот округ потврди дека заедно со поранешниот директор Мирсад Бакаловиќ е уапсена и неговата поранешна советничка во домот, Зинаида Халиловиќ-Разиќ.

Бакаловиќ поднесе оставка од функцијата директор веднаш по пожарот.

На 4 ноември пожарот избувнал на горните катови од зградата на пензионерскиот дом, а сите жртви биле сместени во одделението за лица со намалена подвижност.

Тие починале како последица на труење со јаглерод моноксид бидејќи не успеале да ги евакуираат навреме.

Вештачењето утврди дека пожарот избувнал поради краток спој на оштетен кабел на радио приемник кој го користеле штитениците.

„Наодот и мислењето на вештакот за причините за пожарот се почетен дел од истражните дејства кои се спроведуваат и ќе се спроведуваат во иднина со цел да се утврди одговорност и пропусти, со цел да се соберат факти за тоа дали последиците можеле да се избегнат или намалат“, соопшти Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ