Министерството извести дека ќе објави дополнителни информации откако ќе добие известување за исходот на истрагата која за околностите на инцидентот ја спроведуваат надлежните тела.
Сè уште не е разјаснето дали починатиот Бугарин е странскиот државјанин за кого министерството за здравство на Газа објави дека е убиен во израелски воздушен напад на седиштето на ОН во центарот на Газа. Израелската војска продолжи со бомбардирањето на Газа и издаде нови наредби на жителите за евакуација од борбените зони.
Обединетите нации повикаа да се спроведе истрага за нападот на две локации на ОН во газа, при што, како што наведоа Обединетите нации, убиен е еден нивен вработен, а уште петмина се ранети.
„Генералниот секретар силно ги осудува сите напади на персоналот на ОН и повикува да се спроведе целосна истрага. Тој истакнува дека сите конфликти мора да се водат на начин кој гарантира почитување и заштита на цивилите“, се истакнува во соопштение на прес-службата на генералниот секретар.






