Партијата Национален собир очекува меѓу 8.000 и 10.000 учесници, објавија медиумите, повикувајќи се на партиски претставници. За денеска се планирани два контрапротести.
Левичарската партија Непокорена Франција и Зелените повикаа на протест против крајната десница на централниот плоштад, Плоштад на Републиката. Поддржувачите на партијата Ренесанса на претседателот Емануел Макрон исто така планираат да протестираат на партиски собир во предградието на градот.
Полицијата најави дека за време на протестот ќе дејствува со полна сила.
Во понеделникот судот пресуди против Лепен, нејзината партија и други партиски функционери за проневера на средства на ЕУ. Таа доби делумно условна затворска казна и пет години забрана за учество на избори. Додека затворската казна е условна поради жалбата на Лепен, забраната за учество на изборите стапува во сила веднаш.
Следните претседателски избори ќе се одржат во 2027 година. Лидерката на десницата стравува дека дури и ако ја добие жалбата, долгиот правен процес може да ја спречи да учествува на избори за две години.
Апелациониот суд во Париз објави дека има намера да донесе одлука до средината на 2026 година. Протестот на Национален собир е закажан за 15 часот.