четврток, 2 април 2026

Во невреме во Грција загина едно лице, предизвикана е голема материјална штета

Во невреме кое ја погоди Грција едно лице загинало, а предизвиканата штета е огромна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Невремето, според прогнозите, ќе заврши ноќва.

Ситуацијата е критична и на грчките острови, каде што се регистрирани проблеми во инфраструктурата и снабдувањето со електрична енергија на Родос, Порос и Сикин. Крит и Кикладите се покриени со слој прашина донесена од Сахара, објавува грчкиот портал Катимерини.

На Атика неповолните временски услови предизвикале сериозни проблеми. Според противпожарната служба, невремето се засилило вчера по 23:00 часот, а дотогаш пожарникарите главно се занимавале со отстранување на дрвјата кои паднле во јужните предградија на Атина.

Силната бура предизвикала и сериозни штети во Порос, каде што се урнале патишта, надојдената вода однела возила, а десетици куќи биле поплавени. Властите остануваат во готовност и апелираат до граѓаните да го намалат движењето.

На Сикин се поплавени подруми и патишта во близина на пристаништето, додека слична ситуација е регистрирана на Хидра, Кимолос и во областите на Јонските острови, каде што брановите стигнале до урбаните делови на населбите.

Противпожарната служба на Родос, во соработка со општината, регионалната администрација и волонтерите, примила повеќе од 50 повици за отстранување на скршени или искоренети дрвја во северниот дел од островот.

Предизвикана е штета на уличните светилки, електричните кабли, како и на малите и големи бродови кои биле вкотвени на Родос и Кос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ