Средбата, првиот директен разговор на Кушнер со Путин, доаѓа по две недели интензивна дипломатија која вклучуваше две рунди разговори меѓу делегациите на Соединетите Американски Држави и Украина.
Два извори, цитирани од Аксиос, изјавија дека се очекува Виткоф и Кушнер утре да го информираат украинскиот претседател Володимир Зеленски за разговорите во Кремљ.

Американскиот план, првично со 28 точки, е стеснет во неодамнешните разговори со Киев, првенствено фокусиран на дефинирање на фактичката граница како дел од потенцијално примирје.
Путин претходно изјави дека предлогот на Трамп би можел да послужи како основа за преговори, иако тој сигнализираше неподготвеност да се откаже од долгогодишните руски барања, вклучително и контролата врз целиот регион Донбас.
САД наводно побарале од Украина да отстапи територија таму за да се придвижи процесот напред, отстапка опишана како политички болна за Киев.
Непосредно пред состанокот, Путин ја предупреди Европа дека ќе се соочи со брз пораз ако влезе во војна со Русија, а ги отфрли и европските контрапредлози за Украина како апсолутно неприфатливи за Русија.

Трамп постојано повторува дека сака да ја заврши војната, но неговите досегашни напори, вклучително и самитот со Путин на Алјаска во август и средбите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, сè уште не донесоа мир.
„Многу ми е мило што ве гледам“, им кажа Путин на Виткоф и Кушнерм пренесуваат агенциите. „Ова е прекрасен град“, му кажа Виткоф на Путин откако претходно се прошета со Кушнер и претставникот на рускиот лидер Кирил Дмитриев на Црвениот плоштад во близина на мавзолејот на Ленин.
Дмитриев и помошникот на Путин Јуриј Ушаков се исто така на состанокот во Кремљ, заедно со преведувачите.
За време на разговорите за време на викендот на Флорида, советникот за национална безбедност на украинскиот претседател Зеленски, Рустем Умеров, се сретна со Виткоф, Кушнер и американскиот државен секретар Марко Рубио, каде што украинската страна го информираше Вашингтон за фактичката состојба на бојното поле. Зеленски подоцна рече дека предлогот од 19 точки бил дополнително ревидиран по тие разговори.
Виткоф одржа и дополнителни состаноци со Умеров пред да отпатува за Москва, објави Аксиос.






