Во соопштението се наведува дека телата пронајдени во јануари и февруари во Ермосио, главниот град на државата Сонора, им припаѓале на лица киднапирани и ликвидирани во бран „пресметки меѓу криминални организации што дејствуваат во областа“, објавува Ројтерс.
„Идентификацијата беше извршена со употреба на научни методи за секоја од жртвите“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека најмалку пет лица се уапсени во врска со овој случај.
Насилството во Сонора се зголеми поради тековните конфликти меѓу криминалните банди што се борат за контрола на патиштата за шверц на дрога и мигранти кон Соединетите Американски Држави.






