недела, 7 декември 2025

Во Кина се урна мост стар едвај десет месеци, дел од него падна во река (ВИДЕО)

Дел од неодамна отворен мост се урна во југозападната кинеска покраина Сечуан на автопат кој ја поврзува внатрешноста на Кина со Тибет, соопштија локалните власти, а извештај за евентуални жртви не е објавен.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата во градот Мерканг го затвори мостот Хонгки, долг 758 метри, за целиот сообраќај во понеделник попладне, откако се појавиле пукнатини на пристапните патишта, а било регистрирано и поместување на планинскиот терен, соопштија локалните власти.

Пристапниот мост и темелите на патот се урнале денес попладне, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, додадоа тие.

Изградбата на мостот заврши претходно оваа година, според видео објавено на социјалните медиуми од градежната компанија Сечуан роуд енд бриџ груп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ