среда, 4 февруари 2026

Во Јапонија падна рекордно количество снег, војската помага на терен (ВИДЕО)

Во Јапонија, во невообичаено обилни снежни врнежи животите ги загубија 30 лица, а некои области се затрупани под снежна покривка висока до 4,5 метри. Властите ја ангажираа армијата за да помогне во расчистувањето на патиштата и да им помогне на постарите жители, пишува Јуроњуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Властите наведуваат дека во последните две недели имало 30 смртни случаи поврзани со снежното невреме. Во префектурата Аомори, снимките покажуваат куќа тешко оштетена од тежината на снегот, додека жителите едвај се пробиваат низ улиците покриени со длабоки наноси. Во некои оддалечени делови на Аомори снегот сè уште достигнува 4,5 метри.

Властите велат дека силната студена воздушна маса по должината на брегот на Јапонско Море донела многу повеќе снег од вообичаеното. Меѓу жртвите е и 91-годишна жена која била најдена под голем куп снег пред нејзината куќа. Се претпоставува дека била затрупана од снег што паднал од покривот.

Поради преоптоварувањето на локалните служби, владата ја испрати армијата на терен за да помогне во расчистувањето на снегот и да им пружи помош на постарите лица кои живеат сами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ