вторник, 16 декември 2025

Во израелските напади врз Јемен загинаа 46 лица, ранети 165

Министерството за здравство на Јемен, контролирано од хутите, вчера соопшти дека бројот на жртвите од израелските напади во средата на неколку локации во земјата се искачил на 46, а ранети се 165 лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел ги нападна јеменскиот главен град Сана и северната покраина ал-Џаф, што е најновиот во серијата напади и контранапади меѓу Израел и Хутите, поддржани од Иран, како дел од последиците од војната во Газа.

„Нападите беа извршени како одговор на нападите предводени од терористичкиот режим на хутите против Државата Израел, за време на кои беа лансирани беспилотни летала и ракети земја-земја кон израелска територија“, соопшти израелската војска. Во нападот врз Сана на 30 август загинаа премиерот на владата предводена од хутите и неколку министри, што е прв таков напад насочен кон високи функционери.

„Ќе продолжиме да напаѓаме. Кој и да нè нападне, ќе возвратиме“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по последните напади.

Претходно вчера израелската војска соопшти дека пресретнала ракета и беспилотно летало од Јемен, за што подоцна одговорноста ја презедоа хутите.

„Операцијата беше одговор на израелската агресија врз нашата земја“, изјави портпаролот на војската на групата. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен, претходно нападнаа бродови во Црвено Море, како што наведоа, во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ