Прелиминарните податоци на министерството за внатрешни работи покажуваат дека само 29 отсто од гласачите учествувале во референдумите до затворањето на гласачките места во 15 часот во понеделник.
Референдумите во голема мера се фокусираа на трудовото законодавство и се гласаше за подобра заштита од отпуштање, повисоки отпремнини, укинување на договорите на одредено време и одговорноста во случај на несреќи на работното место.
Петтото референдумско прашање се однесуваше на одлуката дали луѓето од земји надвор од Европската Унија ќе можат да добијат државјанство по пет години, за разлика од сегашните 10. Конечните резултати ќе бидат објавени дури откако ќе бидат преброени сите гласови.
Според прелиминарните бројки, мнозинството гласачи ги поддржале мерките, но тие нема да бидат усвоени поради ниската излезност. Неуспехот на референдумот беше очекуван бидејќи само 22 отсто од гласачите излегле на гласање во неделата, кога гласачките места беа отворени до 23 часот.
Од 78-те референдуми одржани во Италија од крајот на Втората светска војна, голем број не успеале поради ниска излезност. Последните беа објавени на иницијатива на синдикатот и левичарската опозиција.
Десничарската коалициска влада на премиерката Мелони им советуваше на своите поддржувачи да не учествуваат на гласањето. Самата Мелони отиде на гласачкото место, но не гласаше.