петок, 30 мај 2025

Во Истанбул уапсени повеќе од 400 луѓе за време на првомајските демонстрации (ВИДЕО)

Повеќе од 400 луѓе се уапсени денес во Истанбул за време на демонстрациите по повод Први мај, Меѓународниот ден на трудот, јави тамошното здружение на адвокати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дел од градот е парализиран за да се спречи какви било собирање на плоштадот Таксим.

„Бојот на уапсените надмина 400“, соопшти истанбулската гранка на Здружението на напредни адвокати (ЦХД).

Властите засега ништо не соопштиле.

Во Турција прославите на Меѓународниот ден на трудот служат како платформа не само за борбата за права на работниците туку и за пошироки повици за поддршка на демократските вредности, бидејќи демонстрантите планираа да протестираат и поради апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу, пренесува Асошиејтед прес.

Неговото апсење во март ги поттикна најголемите протести во земјата во последните десет години, а денешниот празник отвори можност за повторување на антивладините протести.

Властите го блокираа пристапот до центарот на Истанбул.

Новинари на агенцијата Франс прес биле сведоци на повеќе десетици апсења во квартовите Бешикташ и Меџидијекој, на европскиот брег на градот, каде полицијата ги блокирала улиците кои водат до плоштадот Таксим.

Со ретки исклучоци, собирите се забранети на тој голем плоштад откако демонстрациите во 2013 година  разнишаа власта.

Како и во претходните години полицијата го блокира плоштадот во последните неколку дена.

Повеќе илјади луѓе се собраа денес во два кварта на азискиот дел на градот на повик на синдикатите, според снимките на турските медиуми.

„Таксим треба да се врати од овој репресивен режим“, порача на еден од тие собири Озгур Озел, шефот на социјалдемократската Народна републиканска партија (ЦХП), главната опозициска партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ