Судењето продолжи со сведочење на 99-от сведок на обвинителството, кој има шифра W04854, а тој сведочи преку видеолинк.
Судењето на поранешните лидери на УЧК почна на 3 април 2023 година, а обвинети се за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во нелегални притвори на УЧК на Косово и во Албанија.
УЧК во текот на 1998 и 1999 година извршила бројни злосторства, убиства и киднапирања над припадниците на војската и полицијата на тогашна Југославија, над локалните Срби и други неалбанци, како и над Албанци кои не прифаќале да бидат нејзини помагачи или припадници.






