Во инцидентот се повредени уште девет лица, четворица се во критична состојба, пренесуваат локалните медиуми.
Touristen-U-Boot verunfallt vor Hurghada – mehrere Tote 😱😱 https://t.co/bNiQqVMtZc
— Martin E. Achstaller (@MAchstaller) March 27, 2025
Туристичката подморница, наречена Синбад, превезувала 44 патници кога потонала денеска додека пловела во близина на брегот на Хургада.
Спасувачките служби досега успеале да спасат 29 лица, пренесува египетскиот весник Ал Масри Ал Јум.
Како што е потврдено од руската амбасада во Каиро, сите туристи на подморницата биле Руси, меѓу патниците имало и деца.
“Денеска околу 10 часот, малата подморница Синдбад, сопственост на истоимениот хотел, потона на околу 1 километар од брегот. Покрај екипажот, на бродот имало и 45 туристи, меѓу кои и малолетници. Сите се руски државјани”, изјавиле од руската амбасада за Ен-би-си.
„Повеќето лица од подморницата беа спасени и пренесени во нивните хотели и болници во Хургада. Нивната здравствена состојба не е загрижувачка. Четири лица загинаа, а судбината на неколку туристи сѐ уште се утврдува“, се вели во соопштението на руската амбасада.
Според информациите на дописниците на Би-би-си од Каиро, подморницата Синдбад со години превезува туристи за да го видат дното на Црвеното Море, а според информациите на интернет компанијата што управува со подморницата, таа е една од само 14-те вистински туристички подморници во светот.






