вторник, 10 јуни 2025

Во делови од Ирак измерени 49 Целзиусови степени

Термометарот во Ирак вчера покажуваше 49 Целзиусови степени во некои области на југот, што е највисока температура забележана оваа година според метеоролошката служба, додека властите соопштија дека двајца војници неодамна починале од дехидрација по изложување на сонце.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Ди Кар, сиромашна провинција во јужен Ирак, двајца војници кадети починаа во неделата, а неколкумина беа хоспитализирани по долготрајно изложување на сонце во воената академија, соопштија властите, нарекувајќи го тоа „малтретирање“.

Откако 2024 година беше најтоплата година забележана и на континентите и на површината на океаните, се очекува трендот да продолжи и во 2025 година, со рекордни температури веќе забележани во последните месеци, особено во Европа и Кина.

Летата во Ирак се жешки, со температури што редовно надминуваат 50 Целзиусови степени.

Денеска на југот на Ирак термометарот веќе покажа 49 степени во провинциите Басра и Мисане, а 48 степени во регионот Ди Кар, покажуваат податоците на метеоролошките служби.

„Овие 49 степени се највисоката температура забележана досега оваа година во Ирак“, изјави за АФП Амер ал Џабири, портпарол на ирачката метеоролошка служба.

Со намалувањето на врнежите, недостигот од вода и зголемувањето на температурите, Ирак во последниве години доживеа периоди на суша што им го отежна секојдневниот живот на неговите 46 милиони жители.

Од средината на април, земјата е погодена од повеќе од пет песочни бури.

Министерството за одбрана во средата потврди дека девет нови регрути на воената академија во Ди Каро биле хоспитализирани откако „покажале знаци на замор и исцрпеност поради изложување на сонце и дехидрација“.

Во друга владина изјава во средата, беше објавено дека починале двајца кадети, а премиерот Мохамед Чиа ел-Судани нареди да се формира истражна комисија за да се идентификуваат одговорните.

Премиерот разреши четири воени лица, вклучително и шефот на воената академија и неговиот заменик, потсетувајќи на „важноста добро да се третираат кадетите“ и „да се следи однесувањето“ на одредени офицери за време на обуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ