Заробените рудари беа лоцирани благодарение на GPS уреди, но спасувачите мораа да дупчат десетици метри карпа за да стигнат до нив. Спасувачите во рудникот, кој се наоѓа на околу 100 километри јужно од главниот град Сантијаго, сè уште го бараат петтиот рудар, идентификуван како Мојзес Павез, изјави директорот на рудникот.
Дел од рудникот се урна по земјотрес со јачина од 4,2 степени во четвртокот, во кој загина еден работник, девет беа повредени.
Властите истражуваат дали се работи за природен земјотрес или дали земјотресот бил предизвикан од рударските операции во Ел Тениенте. Чилеанските обвинители, исто така, започнаа кривична истрага за да утврдат дали се прекршени безбедносните стандарди.
Набргу по уривањето, чилеанската државна компанија Коделко, во чија сопственост е рудникот, ја прекина работата во погодениот дел од рудникот за бакар и евакуираше 3.000 луѓе од поширокото подрачје на побезбедни места.
Компанијата ја откажа презентацијата на финансиските резултати за првата половина од годината, поради спасувачките акции.
Чиле, најголемиот производител на бакар во светот, се наоѓа во сеизмички активниот „Огнен прстен“ што го опкружува брегот на Тихиот Океан.






