недела, 29 март 2026

Во Анкара паѓа снег среде април (ВИДЕО)

Иако е речиси средина на април, месецот кој би требало да биде дел од пролетта, во Главниот град на Турција денес паѓа густ снег.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Турскиот новинар Рагип Сојлу објави снимка од Анкара со описот: „Во Анкара паѓа снег среде април“.

Метеоролозите вчера предупредија на обилни врнежи и силни ветришта. Гувернерот на Анкара Васип Шахин објави вчера дека сите образовни установи во главниот град на Турција денес ќе бидат затворени поради очекуваните временски услови.

Според неговата објава на социјалните мрежи, прогнозите покажувале дека снегот ќе почне да паѓа во раните утрински часови и ќе продолжи до пладне, со можна прекривка до 15 сантиметри во одделни делови од градот. Најавени се и ветришта од 40 до 60 км/ч.

„За да ги заштитиме нашите деца од можните неповолни услови, одлучени е наставата да се прекине во сите јавни и приватни образовни установи, како и во сите едукациски центри под наша ингеренција“, порача Шахин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ