недела, 14 декември 2025

Во Албанија муслиманите прв пат по два века паднаа под 50 отсто

Пописот од 2023 година покажа дека муслиманите повеќе не го сочинуваат мнозинството од граѓаните на Албанија, за прв пат по повеќе од два века.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според најновиот попис на населението, муслиманите сега сочинуваат 45,7 проценти, што е прв пат во нивната кратка историја да паднат под половина од вкупното население. Бројот на муслимани во споредба со пописот од 2011 година се намалил за повеќе од 30 отсто.

Треба да се спомене и дека според пописот од 2023 година, муслиманите бекташи се 4,8 отсто, но тие се наведени како посебна религиозна група во пописот. Бекташите се членови на хетеродоксен исламски ред од суфиско потекло, кој датира од 13 век, а во Албанија се сметаат за посебна религиозна група, иако историски се засноваат на шиитско-исламската традиција.

15,6 отсто од населението се христијани, од кои 8,4 проценти се католици, а 7,2 проценти се православни. Има 13,8 проценти верници без деноминација и 3,6 проценти атеисти.

Оваа значајна демографска промена означува историски момент за религиозната структура на земјата, која е нестабилна со децении.

Според извештајот на Турција денес, Албанија изгубила околу 15 отсто од своето население во последните десет години, главно поради масовната емиграција и намалувањето на наталитетот. Аналитичарите го поврзуваат ова со недостаток на перспектива за младите луѓе, кои сè повеќе бараат работа во странство.

Историски гледано, Албанија како територија била католичка земја, по римските освојувања. Статусот на муслиманска земја го стекнала дури во 15 век, со доаѓањето на Отоманската империја. Сепак, поради географската близина и силните врски со Грција, каде што многу Албанци работат и зборуваат грчки, православното христијанство повторно е во пораст во последните децении.

Голема улога во сегашната религиозна структура игра и историјата на 20 век. По Втората светска војна, Албанија станала комунистичка држава во која практикувањето на религијата било забрането речиси 50 години, сè до враќањето на демократијата по изборите во 1992 година.

По бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО во 1999 година, околу половина милион етнички Албанци избегаа од Косово, што претставуваше дополнителен товар за веќе кревката албанска економија. Иако земјата доживеа економски раст во следната деценија, таа сè уште е меѓу најсиромашните во Европа надвор од поранешниот Советски Сојуз, а главните причини се високата невработеност и корупцијата во инфраструктурата, што ги одвраќа странските инвеститори.

И покрај предизвиците, Албанија станува сè попривлечна туристичка дестинација во последниве години, благодарение на ниските цени и природната убавина. Видеата на социјалните мрежи кои прикажуваат национални паркови и водопади добиваат милиони прегледи, а земјата ја нарекуваат и „европски Малдиви“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ