петок, 2 јануари 2026

Во 2025 година во светот се убиени 128 новинари и медиумски работници

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) објави дека во 2025 година 128 новинари и други медиумски работници, вклучувајќи десет жени, биле убиени низ целиот свет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Федерацијата изрази жалење поради „уште една смртоносна година за новинарите“ и го осуди „упорниот неуспех на властите да ги заштитат медиумските работници“, повикувајќи на „итна и решителна акција за прекинување на циклусот на насилство“ и нагласи дека неказнивоста за овие злосторства сè уште преовладува.

Во вкупниот број на загинати новинари, има и девет несреќни смртни случаи.

Во 2024 година ИФЈ евидентирала 122 смртни случаи на новинари, вклучувајќи 14 жени, и дека 516 новинари биле во затвори, а во 2025 година имало 533 во затвори, а Кина го предводи во тоа.

Ажурираниот список на медиумски работници убиени во 2025 година документира 17 дополнителни смртни случаи од 10 декември, по објавувањето на претходниот извештај. Листата објавена на 31 декември вклучува случаи во Палестина, Танзанија, Перу и Гватемала, како и несреќа во која загинаа седум медиумски работници во Нигерија, еден таков случај во Бурунди и еден во Иран.

Блискиот Исток и арапскиот свет, со 74 убиени новинари, вклучувајќи 56 во Палестина, претставуваат 58 отсто од сите случаи на медиумски професионалци убиени во светот во 2025 година, според ИФЈ. Ова е трета година по ред тоа да е најтешко погодениот регион.

На второ место е Јемен со 13 мртви, по што следува Украина со осум.

Шест новинари се пријавени за мртви во Судан, четири во Индија и Перу, а неколку други земји, вклучувајќи ги Филипините, Мексико, Перу и Пакистан, загубиле по три новинари.

Овие бројки укажуваат на концентрација на опасност во конфликтните зони и ја нагласуваат потребата од зајакнување на заштитата на медиумските професионалци и казнување на оние кои убиваат новинари, се вели во соопштението.

„Светот не може повеќе да чека, време е за конвенција на Обединетите нации која ќе ја гарантира безбедноста и независноста на новинарите насекаде“, изјави генералниот секретар на ИФЈ Ентони Белангер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ