сабота, 3 мај 2025

„Владимир, СТОП!“, му порача Трамп на Путин по жестокиот руски напад врз Киев

Претседателот Доналд Трамп денеска како ретко кога го искритикува рускиот претседател Владимир Путин, по смртоносниот бран од напади врз Киев, главниот град на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Не беа неопходни и многу е лош тајмингот. Владимир, СТОП! 5.000 војници неделно умираат“, рече Трамп во објавата на својата платформа Трут сошл. „Ајде да го завршиме мировниот договор!“

Русија го гаѓаше Киев во повеќечасовен налет на проектили и беспилотни летала. Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени во најсмртоносниот напад врз градот од јули минатата година.

Фрустрацијата на Трамп расте бидејќи напорите предводени од САД да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија не постигнуваат напредок, вели АП.

Трамп во средата го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски и го обвини дека ги продолжува убивањата со тоа што одбива да го предаде полуостровот Крим окупиран од Русија како дел од можниот договор.

Зеленски денеска истакна дека Украина се согласила со предлогот на САД за прекин на огнот пред 44 дена како прв чекор кон мир преку преговори, но дека нападите на Москва продолжиле.

Трамп подоцна денеска треба да се сретне со норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе за да разговара за војната во Украина, американските царини и за други прашања.

Норвешка, членка на НАТО и силен поддржувач на Украина, дели приближно 198 километри граница со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ