среда, 28 јануари 2026

Владата на Венецуела се согласила секој месец да му поднесува буџет на Вашингтон

Привремената влада на Венецуела се согласи секој месец да го доставува својот буџет до Соединетите Американски Држави за одобрување, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Рубио кажа дека американската влада одлучува за што можат да се користат парите според она што тој го опиша како „краткорочен механизам“. „Всушност, тие ветија дека ќе користат значаен дел од тие средства за купување лекови и опрема директно од Соединетите Американски Држави“, кажа американскиот државен секретар, додавајќи дека раководството на Венецуела било „многу кооперативно“.

Американските сили ја нападнаа Венецуела на почетокот на јануари и го киднапираа нејзиниот лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, туркајќи ја јужноамериканската земја во политички превирања.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја ревитализира огромната нафтена индустрија на Венецуела и вети огромни профити за САД и за народот на Венецуела. Кратко по грабнувањето на Мадуро, Трамп објави дека има намера да управува со Венецуела на преодна основа, без да открие точно како го замислува тоа.

САД моментално соработуваат со потпретседателката на Мадуро, Делси Родригез, која ја презеде функцијата привремена претседателка на Венецуела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ