петок, 13 март 2026

Владата на Србија ги намали акцизите на нафтените деривати

Владата на Србија вчера донесе одлука за привремено намалување на акцизите за нафтените деривати, пренесува РТС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На крајот на февруари, се наведува, цената на нафтата „брент“ по барел на светскиот пазар изнесуваше 70,58 долари, а денес е 97,6 долари за барел. Тоа е раст од 38,2 проценти за само две недели.

Поради порастот на цените на суровата нафта на светскиот пазар, државата Србија го презема товарот и ги намалува износите на акцизите за безоловен бензин и дизел.

Акцизите ќе бидат намалени за 20 проценти.

Ова значи дека акцизата за дизел, која моментално изнесува 74,04 динари за литар (0,63 евра), ќе се намали на 59,23 динари за литар (0,50 евра). Ова е намалување од 14,81 динари за литар (0,13 евра).

Акцизата за бензинот, која моментално изнесува 72 динари (0,61 евра), ќе се намали на 57,6 динари за литар (0,49 евра). Ова е намалување од 14,4 динари за литар (0,12 евра).

Одлуката е од привремен карактер и се предлага да се применува од денес, а завршува на 15 април.

Во очекување на нова лиценца за работа на Нафтената индустрија на Србија (НИС), цените на дериватите во Србија моментално се под контрола.

Забраната за извоз на нафта и нафтени деривати е на сила до 19 март, а Владата на Србија ги исклучи бутанот, пропанот и автогасот од оваа мерка.

Вучиќ: Нема да има недостиг

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека акцизите ќе бидат намалени, во гостување на РТС.

Тој, како што објави српскиот јавен сервис, кажа дека, без интервенција на државата, цената на дизелот на пумпите во Србија би била за 20 проценти повисока и нагласи дека тоа не смее да се дозволи.

Тој синоќа објави дека државата ќе излезе со резерви и ќе ги снабдува нафтените компании и ќе ги намали акцизите за 20 проценти.

Тој истакна дека граѓаните на Србија можат да бидат мирни и дека нема да има недостиг од нафта, бидејќи резервите се доволни за 93 дена.

„Нема да дозволиме луди цени, ќе ги заштитиме нашите граѓани“, порача Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ