Словенија воведе санкции и му забрани на разрешениот претседател на РС влез во земјата.
На денешната телефонска седница, владата на РС оцени дека забраната за влез на Додик е донесена без јасна законска основа и причина и дека тоа претставува директно мешање во внатрешните работи и кршење на меѓународните конвенции, како и чекор назад во односите и европската перспектива на регионот.
„За да се заштити политичкиот и институционалниот интегритет на Република Српска, владата на Република Српска, во согласност со меѓународните практики, донесува реципрочни мерки и воведува забрана за влез во Република Српска на Наташа Пирц Мусар, претседателка на Република Словенија, и Тања Фајон, вицепремиерка и министерка за надворешни и европски работи во владата на Република Словенија“, се наведува во заклучоците од денешната седница.
На министерството за внатрешни работи му е наредено да им спречи на гореспоменатите лица да влезат на територијата на РС, како и да ги испрати надвор од границите на Република Српска доколку престојуваат во тој ентитет.
Српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ изјави дека одлуката на словенечката влада да воведе санкции против Додик не придонесува за „надминување на кризите предизвикани од годините неодговорен странски интервенционизам во БиХ, кои кулминираа со едностраните и диктаторски дејствија на Кристијан Шмит“.
„Барем земјите во регионот треба да покажат помудар пристап“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.






