Тој го соопшти ова во официјално писмено обраќање до претседателката на Бундестагот Јулија Клекнер и до лидерите на петте политички групи во германскиот парламент.
„Знаеме дека германската влада планира да започне производство на ракети во Украина. Ова сè повеќе ја вовлекува Германија во воени дејствија против Русија. Вие самите разбирате до што може да доведе ова“, рече Володин, според текстот од неговото обраќање објавен на веб-страницата на Државната дума, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека во поновата историја, Русија направила сè за да изгради ефикасна интеракција и економски врски што го овозможиле развојот на Германија.
Сепак, сегашната владејачка елита во Германија провоцира конфликти меѓу двете земји, рече рускиот функционер.
„Прашање е дали германскиот народ го сака тоа. Не го сакаме. Но, ако се случи, ние сме подготвени“, нагласи Володин.
Германското Министерство за одбрана на крајот на мај објави дека Берлин и Киев потпишале договор за финансирање на производството на оружје со долг дострел во Украина, пренесува ТАСС.