Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се одобруваат „силни“ безбедносни гаранции како дел од потенцијален мировен договор, вклучувајќи одредба што би обезбедила колективна одбрана на Украина од страна на САД и Европа доколку Русија се обиде со уште една инвазија, изјави за Си-ен-ен американскиот претставник Стив Виткоф.
Виткоф рече дека клаузулата што Русија ја прифатила е заобиколување на инсистирањето на Русија дека Украина никогаш не може да му се приклучи на НАТО.
Тој рече дека Русите, исто така, ветиле дека ќе „донесат закон“ за ветувањето дека нема да ја нападнат Украина или која било друга европска земја во кој било претстоен мировен план.
Русија сè уште не споменала такви договори.
Но во повикот на Доналд Трамп до европските лидери за време на викендот, исто така, беше повторен предлогот за безбедносни гаранции за Украина.
Европски функционер изјавил за Си-ен-ен дека дел од разговорите со Трамп вклучувале безбедносни гаранции „во стилот на Член 5“ за Украина, поддржани од Европа и САД, во случај на мировен договор. Функционерот додал дека НАТО нема да биде вклучено во гаранциите. Тоа е дел од договорот за „колективна одбрана“ на алијансата, кој предвидува дека нападот врз еден сојузник е напад врз сите и дека членките ќе преземат реципрочни мерки.
Трамп претходно ги отфрли честите повици на Киев за безбедносни гаранции – начин да се осигури дека Русија нема да го прекрши прекинот на огнот или да продолжи со офанзива во Украина во наредните години.
Европските сили, исто така, предложија „сили што ќе бидат гаранција“ за Украина, за кои рекоа дека не можат да функционираат без американска „поддршка“ – но Трамп засега се двоуми дали да ангажира американски сили или ресурси.






