Виткоф го изјави ова во интервју за Блумберг и Си-ен-би-си на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Тој изјави дека се согласува со проценките на украинската страна дека договорот е речиси склучен, додавајќи дека неодамна е постигнат дополнителен напредок.
„Мислам дека постигнавме уште позначаен напредок“, кажа Виткоф.
Според него, во последните шест до осум недели е постигнато повеќе отколку во претходните три или четири години. Тој нагласи дека преговорите влегле во фаза на забрзан напредок.
Виткоф утре треба да отпатува за Москва, каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како дел од понатамошните разговори за евентуално завршување на војната во Украина.






