Тој исто така нагласи дека „нема да има договор без одобрение од претседателот (на Русија) Владимир) Путин“.
„Мислам дека клучни прашања се регионите, нуклеарната централа и како Украинците ќе можат да ја користат реката Днепар и да излезат на океанот“, рече Виткоф.
Тој нагласи дека прашањето за нуклеарната централа Запорожје е од особено значење поради нејзиниот енергетски капацитет.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, во интервју снимено пред рускиот предлог до Киев за директни преговори, изјави дека американскиот лидер Доналд Трамп им дал „ултиматум“ на страните за потребата од нивното одржување, тврдејќи дека во спротивно САД ќе се повлечат од процесот на решавање на спорот.
Виткоф нагласи дека за решавањето на конфликтот разговарал не само со Москва и Киев, туку и со советници за национална безбедност од Велика Британија, Франција, Германија и Италија.