понеделник, 8 декември 2025

Висок функционер на Хамас прогласи крај на војната во Газа

Организацијата доби „гаранции“ од САД дека непријателствата нема да продолжат, рече Калил ал-Хаја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Војната во Газа е завршена, изјави високиот функционер на Хамас Калил ал-Хаја, додавајќи дека мировниот план што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп ќе го означи почетокот на „траен прекин на огнот“.

Милитантната група добила некои „гаранции“ од Вашингтон и други посредници дека непријателствата нема да продолжат, им рече тој на жителите на Газа денеска во телевизиско обраќање.

Според ал-Хаја, палестинската милитантна група со седиште во Газа „одговорно се однесувала кон планот на американскиот претседател“ и дала одговор насочен кон спречување на понатамошното крвопролевање. Тој не ја образложи природата на одговорот, но рече дека договорот, кој беше постигнат во Шарм ел-Шеик, Египет, вклучува обезбедување хуманитарна помош за палестинската енклава, отворање на граничниот премин Рафа и размена на затвореници.

„Сите потврдија дека војната е целосно завршена“, рече функционерот, ветувајќи дека ќе соработува со сите национални и исламски сили за да ги заврши следните чекори предвидени со договорот.

Тој ова го изјави додека израелскиот кабинет сè уште гласаше за ратификацијата на договорот. Министерот за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, пред гласањето рече дека тој и неговата партија ќе се спротивстават на мировниот план на Трамп и ќе ја напуштат владата доколку на Хамас му се дозволи да ја задржи контролата врз Газа. Тој, исто така, го опиша ослободувањето на палестинските затвореници во замена за израелските заложници како „неподнослива цена“ што треба да се плати за договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ