недела, 21 декември 2025

Висок функционер на Хамас: Примирјето во Газа немаше да биде можно без Трамп

Во интервју за Скај њуз високи функционер на Хамас Басем Наим му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во постигнувањето мировен договор меѓу Хамас и Израел во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Наим кажа дека примирјето „немаше да биде можно без Трамп“, истакнувајќи дека тој лично вршел притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој додаде дека Хамас сега очекува американскиот претседател да продолжи да го одржува тој притисок со цел да се спроведе договорот.

„Без личната интервенција на претседателот Трамп во овој случај, не мислам дека ќе имаше крај на војната. Затоа му се заблагодаруваме на претседателот Трамп за неговите лични напори и притисок врз Нетанјаху да го прекине овој масакр“, кажа Наим.

„Се надеваме дека претседателот Трамп ќе продолжи лично да интервенира и да врши максимален притисок врз Нетанјаху да ги исполни своите обврски – прво според постигнатиот договор, а второ според меѓународното право како окупаторска сила. Без тоа, ова нема да се случи“, додаде тој.

Тој, исто така, предупреди за изјавите на Нетанјаху во медиумите во кои израелскиот премиер се заканува дека ќе се врати во војна „доколку едното или другото не се исполни“.

Наим истакна дека Хамас не ја исклучува можноста за повлекување од формалното управување со Газа по војната, но дека сепак ќе остане „на терен“. Во исто време, тој јасно стави до знаење дека поранешниот британски премиер Тони Блер „нема да биде добредојден“ во никаква повоена улога за Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ