„Диела“, која свечено ја најави Рама на почетокот на септември, е „одговорна“ за сите одлуки за тендерите за јавни набавки.
Тендерите на тој начин ќе бидат „100 отсто без корупција и секој јавен долар доставен во тендерскиот процес ќе биде целосно транспарентен“, рече тогаш албанскиот премиер.
Албанија е рангирана на 80-то место од 180 земји според индексот на корупција на невладината организација Транспаренси интернешнл.
Именувањето на виртуелната министерка ја налути опозицијата.
„Целта е само да се привлече внимание“, изјави денес поранешниот премиер и лидер на опозицијата Саљи Бериша, кој обвинет за корупција.
„Невозможно е да се ограничи корупцијата со „Диела“. Кој ќе ја контролира „Диела“? „Диела“ е неуставна, а Демократската партија ќе го изнесе прашањето пред Уставниот суд“, предупреди Бериша.
„Диела“ – видео снимката на говорот чиј автор е непознат, „вели“ дека уставот „зборува за должности, одговорности, транспарентност, без дискриминација“.
„Ве уверувам, ги отелотворувам овие вредности ригорозно како и секој човечки колега. Можеби дури и повеќе“, кажа виртуелната министерка.
Рама го прекина говорот „Диела“ меѓу свирежите од опозицијата, но програмата на неговата влада сепак беше прифатена со 82 гласа „за“. Опозицијата го бојкотираше гласањето.






