Премиерот Виктор Орбан призна пораз на парламентарните избори во Унгарија, со што завршува неговото 16-годишно владеење.
Во говор во седиштето на неговата партија Фидес, Орбан изјави дека поразот боли, но дека резултатот е јасен. Тој додаде дека ѝ честитал на опозициската партија Тиса за победата.
Делумните официјални резултати покажуваат дека партијата на опозицискиот лидер Петер Маѓар доминира во гласањето, во експлозивен изборен резултат, со последици низ Европа и пошироко.
„Благодарам, Унгаријо!“ објави Маѓар на Икс, додека илјадници негови поддржувачи се собраа покрај бреговите на Дунав во Будимпешта.
На другиот крај од градот, Орбан им изјави на своите поддржувачи – „ѝ честитав на победничката партија“.
„Ќе му служиме на унгарскиот народ и на нашата татковина и од опозиција“, рече тој.
Со изброени 60% од гласовите, партијата Тиса на Маѓар имаше повеќе од 52% поддршка, наспроти 38% за владејачката партија Фидес на Орбан. Тој однос ќе се промени како што ќе се бројат уште гласови.






