недела, 8 јуни 2025

Виктор Орбан: Брисел планира да им одземе на земјите-членки уште повеќе пари и овластувања

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека следната година ќе покаже дали „бриселските бирократи кои градат империја“ ќе можат да им одземат уште повеќе овластувања и пари на земјите-членки на Европската унија отколку порано.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан за унгарското јавно радио изјави дека слични чекори биле „стандарден одговор“ на кризите во Брисел и дека „тогаш се покажа дека тие не можат да ги користат проширените овластувања и дека не можат да ја надминат кризата“, пренесува МТИ.

„Нема смисла да се откажеме од овие овластувања. Не смееме да дозволиме Брисел да ни одземе уште повеќе пари, уште повеќе овластувања за да земa уште кредити и да нè вовлекува во долгови или за да гради централизирана економска контрола“, рече Орбан.

Тој оцени дека едно од најтешките прашања е „колку Европа треба да ги зајакне своите одбранбени капацитети“.

„Лесно би можеле да бидеме вовлечени во трка во вооружување со Русите, а тоа ќе ги изеде унгарските пари“, предупреди Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ