петок, 11 април 2025

Видео докажува воено злосторство на израелската армија: Пукале во јасно обележани возила на брза помош, во масовна гробница пронајдени телата на 15 хуманитарци (ВИДЕО)

Се појавија снимки од моментот кога минатиот месец беа убиени 15 хуманитарни работници во Газа – на кои јасно се гледаат нивните обележани амбулантни возила и противпожарни возила кога се верува дека израелските војници отвориле оган врз нив. По инцидентот во „масовна гробница“ беа пронајдени телата на 15 хуманитарни работници.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Телата на 15 хуманитарни работници – осум медицински лица од палестинската Црвена полумесечина (ПРСЦ), шест членови на цивилната заштита и еден вработен во Обединетите нации – беа пронајдени во „масовна гробница“ по инцидентот, според Џонатан Витол, шеф на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

ПРСЦ го опиша „намерното напаѓање на хуманитарните работници“ од страна на израелските сили како „воено злосторство“.

Израелската армија пред објавувањето на видеото соопшти дека внатрешната истрага покажала дека војниците пукале во возила без светла и без никакви знаци дека се работи за возила за итна помош.

Сепак, видеото до кое дојде Њујорк тајмс и е потврдено од „Скај њуз“ покажува јасно означени возила на брза помош и пожарникарско возило со вклучени црвени светла.

Скај њуз ја потврди локацијата и времето на инцидентот користејќи сателитски снимки и видео снимки.

Видеото е снимено на 23 март, северно од Рафа. На него се гледа конвој од амбулантни и пожарникарски возила кој се движи кон центарот на Рафа.

Сите возила во конвојот ги имаа вклучени светлата за итни случаи.

Видеото изгледа како да е снимено од некој од хуманитарните работници рано наутро. Сателитската снимка, направена истиот ден покажува група возила на страната на патот.

ПРЦС за прв пат објави дека изгубила контакт со своите тимови непосредно пред 7 часот наутро.

Снимката од возило во движење го покажува конвојот – вклучувајќи амбулантни возила и противпожарно возило со вклучени светла.

Кога колоната застанува, едно возило скршнува од патот налево. Возилото од кое се снима филмот застанува, а хуманитарните работници излегуваат.

Набргу потоа, одекнуваат истрели кои траат околу пет минути.

Говорејќи во ОН во петокот, претседателот на ПРЦС, Јунис Ал Катиб рече дека организацијата „побарала независна истрага“.

Дилан Виндер, резидентен набљудувач на Меѓународната федерација на Црвениот крст (ИФРЦ), рече дека е „шокиран од убиството на осумте медицински лица од ПРЦС кои загинаа за време на должност во Газа“.

„Тие беа хуманитарни работници. Тие ги носеа симболите што требаше да ги заштитат. Нивните возила беа јасно означени и требаше да се вратат кај семејствата. Дури и во најсложените воени зони, постојат правила“, рече тој.

Според ОН, најмалку 1.060 здравствени работници се убиени во изминатите 18 месеци откако Израел ја започна својата офанзива во Газа како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

ОН најавуваат намалување на меѓународниот персонал во Газа за една третина поради безбедносни ризици.

Палестинските здравствени власти соопштија дека повеќе од 50.000 луѓе се убиени откако Израел ја започна воената кампања како одговор на упадот на милитантите на Хамас во јужен Израел, при што загинаа повеќе од 1.200 луѓе, а беа киднапирани околу 250.

Министерството за здравство во Газа не прави разлика меѓу цивили и борци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ