понеделник, 15 декември 2025

Везув во пламен: Забрана за пристап на туристи (ВИДЕО)

Пожарникарите и денеска се борат со пожар на падините на Везув, откако ги затворија за туристите сите патеки што водат до вулканот во близина на Неапол, во јужна Италија.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникарите распоредија 12 екипи на терен, како и шест авиони за гаснење на пожарот, кој гори во националниот парк од петокот.

Помош била повикана и од други делови на Италија, пренесува Франс прес.

„Од безбедносни причини и за олеснување на операциите за гаснење пожари и чистење во погодените подрачја, прекинати се сите активности на мрежата на патеките на Националниот парк Везув“, соопшти вчера управата на паркот.

Речиси 620.000 лица го посетиле кратерот на вулканот во 2024 година, според статистичките податоци на националниот парк.

Чадот од пожарот беше видлив денеска од блискиот археолошки локалитет Помпеја, кој остана отворен за туристи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ