среда, 4 февруари 2026

Жените во Иран сега имаат право да возат мотоцикли и скутери

Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, потпиша резолуција, одобрена од Советот на министри кон крајот на јануари, со која им се дава право на жените да возат мотоцикли и скутери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Жените во Иран сега можат формално да добијат возачка дозвола за мотоцикл и скутер, објави новинската агенција Илна, со што се стави крај на долгогодишната правна несигурност околу возилата на две тркала, објави Фигаро.

Според сообраќајниот закон, на жените не им било експлицитно забрането да ги возат, но во пракса властите не им издавале дозволи.

Поради оваа двосмисленост, жените биле законски одговорни во случај на несреќа, дури и кога самите биле жртви.

Законот сега ги обврзува сообраќајните полицајци да „обезбедат практична обука за кандидатките, да организираат испит под директен полициски надзор и да им издаваат возачки дозволи за мотоцикли на жените“, објави Илна.

По Исламската револуција во 1979 година, на жените одредено време им беше забрането да учествуваат во одредени активности, а посебен предизвик за нив беше кодексот на облекување – тие мораа да ја покриваат косата со шамија (хиџаб) во јавност и да носат скромна, широка облека.

Во последниве години, жените во Иран сè повеќе ги кршат правилата.

Овој тренд се забрза од 2022 година, по смртта на Махса Амини, млада Иранка која беше уапсена за наводно кршење на кодексот на облекување.

Нејзината смрт предизвика протести низ целата земја, за време на кои многу жени бараа поголеми слободи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ