четврток, 29 мај 2025

Жени кај Ватикан пуштија розов чад (ВИДЕО)

Членки на католичка женска група запалија розов чад на рид зад Ватикан во знак на протест против родовата нееднаквост во Црквата, неколку часа пред кардиналите да се соберат на конклава во Систинската капела за да го изберат следниот папа.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Само неколку часа пред кардиналите да се соберат во Систинската капела за да изберат нов папа, членки на Конференцијата за ракополагање на жени запалија розов чад на блискиот рид во знак на протест против широко распространетата родова нееднаквост во Црквата.

„Додека светот чека бел или црн чад, нашиот розов сигнализира дека жените треба да бидат вклучени во секој аспект од животот на Црквата, вклучително и во конклавата“, рече Кејт Мек Елви, извршна директорка на Конференцијата за ракополагање на жени.

Жените рекоа дека во минатото биле апсени кога протестите ги правеле во близина до плоштадот Свети Петар, па затоа запалиле розов чад на ридот Џаниколо зад Ватикан, а куполата на базиликата Свети Петар се гледала во далечината.

„Исклучувањето на жените од конклавата и од ракоположената служба е грев и скандал“, додаде Мек Елви. Демонстрантите носеа список на потенцијални кандидатки за папа, меѓу кои и поранешната ирска претседателка Мери Мек Алис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ