За именување на Ѓуровиќ како нова претседателка гласаа 45 од присутните 48 пратеници.
Даниела Ѓуровиќ е родена во Котор. Основно училиште завршила во Соединетите Американски Држави, студии на Факултетот за организациски науки во Белград, а магистрирала на Природно-математичкиот факултет во Подгорица.
Таа во 2012 година станала првата жена на чело на општината Херцег Нови.
По парламентарните избори во 2020 година влегла во црногорскиот парламент како пратеничка, а во периодот од 2017 до 2021 година била потпретседателка на Социјалистичката народна партија.
Таа со денешното именување стана првата жена на чело на црногорскиот парламент по Весна Перовиќ.
На седницата на црногорскиот парламент не присуствуваат пратениците на Демократите, Демократскиот форум, Обединета и Вистинска Црна Гора, а следна точка на дневниот ред е изборот на 43 влада која ја предложи мандатарот Дритан Абазовиќ.






