четврток, 9 април 2026

Зголемувањето на цените на горивата и ѓубривата поради војната ја поскапува храната низ целиот свет

Водечките светски финансиски и хуманитарни организации предупредија дека војната на Блискиот Исток ја загрозува глобалната безбедност на храната.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската програма за храна истакнуваат дека наглиот пораст на цените на нафтата, природниот гас и ѓубривата неизбежно ќе доведе до повисоки цени на храната и отежнат пристап до храна низ целиот свет.

„Конфликтот на Блискиот Исток фундаментално ги менува животите и им се заканува на луѓето во регионот, но и многу пошироко“, се вели во заедничката изјава на организациите.

Тие предупредија дека товарот од нарушувањата во синџирите на снабдување со храна, гориво и ѓубрива најтешко ќе ги погоди најранливите групи на населението. Ова особено се однесува на сиромашните земји кои зависат од увоз, кои ќе се соочат со најголемите предизвици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ