понеделник, 30 март 2026

Зеленски ѝ порача на ЕУ: Докажете дека сте со нас, дека нема да нѐ напуштите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Се бориме да бидеме рамноправни членови на Европа“, рече Зеленски на вонредната седница на Европскиот парламент (ЕП) преку видеоврска.

„Докажете дека сте со нас. Докажете дека нема да нѐ напуштите. Докажете дека сте навистина Европејци и тогаш животот ќе ја победи смртта и светлината ќе го победи мракот. Слава за Украина!“, рече тој на украински јазик во говорот што беше преведуван на англиски од преведувач што зборуваше низ солзи.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=tWHiH1rpZ2E autoplay:0]

„Последниве неколку дена повеќе не знам како да ги поздравувам луѓето. Не можам да кажам имајте добар ден или добра ноќ, не, бидејќи за некои ова е нивниот последен ден. Мораме да се соочиме со суровата реалност, луѓето умираат секој ден. Мислам дека денес тие животи се жртвуваат за вредностите, правата, слободата и еднаквоста од кои вие имате корист.

Европскиот избор на Украина е патот за кој се залагаме денес. Би сакал да ја слушнам оваа порака од вас. Би сакал да слушнам дека изборот на Украина е и ваш“, рече Зеленски.

„ЕУ ќе биде многу посилна со нас. Ја покажавме нашата сила и дека сме рамноправни. Од ваша страна можете да ни докажете дека сте покрај нас, дека нема да се откажете од нас“, рече украинскиот претседател.

Пратениците на ЕУ, од кои многумина носеа маици „Ние сме со Украина“ со украинското знаме, други беа со сино-жолти шалови или ленти, му аплаудираа на Зеленски.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=AQx-7nozVHg autoplay:0]

„Без вас Украина ќе биде осамена“, рече Зеленски, при што Киев веројатно е свесен дека обидот на Украина за членство ќе биде долг и тежок, пренесува Ројтерс.

Се очекува пратениците на ЕУ да ја наречат Русија „одметната држава“ и да го повикаат блокот од 27 земји да се договори за уште построги санкции, според нацрт-текстот што треба да се гласа подоцна денеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ