недела, 21 декември 2025

Зеленски: Во руски напад погоден патнички воз, десетици повредени (ВИДЕО)

Во руски напад со беспилотно летало погоден е патнички воз на станица во северниот украински регион Суми, при што десетици лица биле повредени, соопштија официјални лица.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Брутален руски напад со дрон врз железничка станица во Шостка, Сумски регион“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, објавувајќи видео од уништен, запален патнички вагон и други со скршени прозорци.

Тој рече дека десетици патници и железнички работници се повредени.

Регионалниот гувернер Олех Хрихоров рече дека во нападот е погоден воз што патувал од Шостка до главниот град Киев.

Лекари и спасувачи работат на местото на настанот, рече тој.

Шефицата на локалната окружна администрација, Оксана Тарасјук, изјави за украинската телевизија дека околу 30 лица се повредени во нападот. Нема непосредни извештаи за смртни случаи.

„Русите не можеа да не знаат дека целта им се цивили. Ова е тероризам што светот нема право да го игнорира“, напиша Зеленски.

Москва ги засили воздушните напади врз украинската железничка инфраструктура, погодувајќи ја речиси секој ден во последните два месеци.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, го осуди нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ